Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинетите признаа вина за пожарот во Вардариште- соочени се со затворска казна од три месеци до три години

/

пред 380 дена

Сподели преку :

Тројцата обвинети за предизвикување на пожарот во депонијата Вардариште – Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи – на денешното рочиште пред судот признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и природата“.

Обвинетите изјавија дека се каат за стореното и ветија дека во иднина нема да го повторат делото, изразувајќи подготвеност да соработуваат во целосното отстранување на отпадот.

Според обвинението, тие незаконски собирале и складирале отпад, што довело до сериозно загадување и предизвикување пожар.

Судот ја констатираше нивната вина, а обвинителството побара соодветна казна.

За ова дело е предвидена затворска казна од три месеци до три години.