Од обвинителството информираат дека во близина на дискотеката во Кочани, каде ноќта меѓу саботата и неделата избувна пожар во кој загинаа 59 луѓе, а 155 се повредени, имало и склад за гориво.
„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“, информираат од ЈОРСМ.











