Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството бара притвор за велешанец кој дошол да го види бебето но почнал да ја дави сопругата со која се разведува

/

пред 649 дена

Сподели преку :

Дошол да го види 6 месечното бебе но ја нападнал и и се заканувал на сопругата со која не живее и е во тек бракоразводна постапка. Велешкото обвинителсто поведе постапка за телесна повреда и побара да му се одреди мерка притвор на осомничениот кој и претходно бил пријавуван за семејно насилство. Во продолжение соопштението од обвинителството

  • Основното јавно обвинителство Велес  поведе постапка против едно лице за  кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, поради основано сомнение дека пријавениот при вршење семејно насилство ја повредил неговата сопруга со која не живее заедно затоа што во тек е бракоразводна постпка.

Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот.

Таа претходно повеќе пати го пријавувала за семејно насилство, а против него во тек е и судска постапка за неизвршување на судска одлука.

Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските услови и поднесе предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка, стои во соопштението