Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството отвори истрага за депонирање пепел во РЕК Битола

/

пред 547 дена

Сподели преку :

По бројните реакции од јавноста и фотографии на социјалните мрежи што покажуваат голем облак прашина околу РЕК Битола, oбвинителството оформи предмет за испитување на начинот на депонирање на пепелта. Се проверува дали одлагањето се врши согласно еколошката дозвола, рударскиот проект и прописите за заштита на животната средина.

Основното јавно обвинителство Битола нареди увид и вонредна инспекција, пришто беа констатирани недостатоци во мерките за спречување на емисии на прашина. Утврдена е несоодветна количина на пепел на депонијата, дел од која е оставена незаштитена, што довело до нејзино разнесување, особено при ветровито време.

РЕК Битола доби рок од 30 дена за соодветно одложување и затрупување на пепелта. Над половина од неа веќе е отстранета, а до крајот на април треба да се завршат и мерењата на амбиенталниот воздух. Инспекцискиот извештај ќе биде доставен до обвинителството кое ќе одлучи за натамошните чекори.