Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството отвори истрага за скопјанецот кој пукаше во сопругата

/

пред 217 дена

Сподели преку :

Обвинителството отвори истрага и за 55-годишникот, кој во скопската населба Кисела вода, со пиштол се обиде да ја убие сопругата, додека во нивниот дом биле присутни и двете ќерки.

Скопјанецот два пати ја нападнал сопругата. Најпрвин на први март кога пукал кон неа, и куршумот завршил во прозорецот.

Потоа се симнал на долниот кат и на двете ќерки им кажал дека пукал во мајка им.

По нападот ќерките и мајката го напуштиле домот.

Неколку дена подоцна, во четвртокот,  повторно и се заканувал со пиштол на 48-годишната сопруга пред ќерките, со намера да ги вознемири и да ги заплаши.

Осомничениот потоа е уапсен и се гони за обид за убиство и загрозување на сигурноста.

Б.С.