Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството отвори предмет за наводите во јавностa за преземање на клиниката „Жан Митрев“ од страна на Филипче и Заев

/

пред 249 дена

Сподели преку :

Обвинитеслтво отвори предмет по допрен глас за предметот за клиниката „Жан Митрев“, по тврдењата на сопственикот на болницата дека Венко Филипче и Зоран Заев сакале да му ја преземат клиниката. По ова ВМРО-ДПМНЕ во неколку послдователни прес конференции го повика обвинителството да отвори постапка и да не молчи.

„ОЈО Скопје постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21.01.2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по однос на јавно изнесените наводи од лицето Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“ – Скопје, а кои се однесуваат на тоа дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката. Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, се вели во соопштението нa Oсновното Jавно Oбвинителство Скопје.

Филипче на прес-конференција уште по тврдењата на Жан Митрев ги отфрли сите наводи како неосновани.