Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството презема дејствија за дивоградбите во Чаир

/

пред 502 дена

Сподели преку :

Обвинителството постапува по предмет во врска со сомнежите за фалсификувана деловодна книга со архивски броеви за легализација на обејкти во општина Чаир, при што се преземаат дејствија на проверки. Обезбедена е обемна писмена документација од општина Чаир и од Министерството за транспорт и врски, од Државниот управен инспекторат, како и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Истовремено, во текот на предистражната постапка е преземено и дејствие на испитување на поголем број службени лице од општина Чаир, како и на дел од барателите на легализација на бесправно изградените објекти на територијата на општина Чаир.

Оттаму додаваат дека процесот на обезбедување на вербални докази се уште е во тек по што ќе следи и донесување и на соодветна јавнообвинителска одлука.