Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинувања за политизација на регулаторното тело за медиуми доминираа на расправата за членови на Советот на ААВМУ

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Обвинувањата за политизација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) доминираа на вчерашната расправа во Комисијата за прашања на избори и именувања на која 22 кандидати ги презентираа своите биографии за новите седум позиции во Советот на ова тело.

Опозициските пратеници нагласија дека кандидатите со политичко минато треба да се повлечат, сметајќи дека тоа е морален и етички чин. Меѓу кандидатите е и Афрона Верзиволи, чија кандидатура предизвика контроверзи поради нејзиниот сопруг, кој е лидер на партиски огранок на Алијанса за Албанците. Таа ја бранеше својата кандидатура, уверувајќи дека ќе се бори за отстранување на политиката од медиумите.

Владеачкото мнозинство, пак, со апел кандидатите да се оценуваат според нивните компетенции, а не според политичката припадност. Членовите на Советот на АВМУ имаат петгодишен мандат и привилегии во поглед на атрактивни плати за македонски услови.