Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од 1 декември субвенционирана струја ќе добиваат и 233 основни и средни училита, 50 јавни претријатија и 235 субјекти од прехранбениот сектор

/

пред 1422 дена

Сподели преку :

233 основни и средни училишта, 50 јавни претпријатија за снабдување со вода и  само 235 фирми од прехранбениот сектор се пријавиле во ЕСМ продажба и од први декември ќе користат струја по субвнеционирана цена од 80 односно 95 евра за мегават час.

Останува нејасно зошто е мал интересот кај фирмите од прехранбениот сектор за субвенционирана струја, бидејќи цената на струјата беше посочена од нив како причина за поскапување на цените. Сепак пријавени или не, од 1-ви декември останува обврската за намалување на цените на основните прехранбени продукти и тоа ќе важи за сите.

Контроли од инспекции и казни кои ги предвидува законот за трговија и за заштита на потрошувачите најави министерот Бектеши за компаниите кои не ги намалиле цените без разлика дали се под капата на ЕСМ продажба или не.

Премиерот Димитар Ковачевски, повторно апелираше до Општините да не ја злоупотребуваат мерката и да не ги пријавуваат општинските згради за субвенционирана струја.