Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од 12 октомври стартуваат новите правила за влез во ЕУ

/

пред 406 дена

Сподели преку :

Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас.

Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот влез ќе може да се користи автоматскиот влез на аеродромите и тн.

Рокас, исто така, нагласи другиот систем ЕТИАС,  не е ист и не треба да создава конфузија со системот за влез/излез и дека за него ќе има навремена информација за неговата имплементација.