Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од денеска на сила стапува законската обврска за носење зимска опрема во возилата

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Од денеска до 15 март возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Во согласност со одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема на моторните возила се подразбираат зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите од четири милиметри или пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

МВР апелира до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Потсетување и дека за оние кои нема да ги почитуваат законските обврски предвидени се соодветни парични глоби.