Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од Куманово до Крива Паланка за 40 минути – граѓаните од денес ќе возат по експресен пат

/

пред 657 дена

Сподели преку :

Експресниот пат Крива Паланка – Страцин во должина од дваесет и пет и пол километри, дел од Коридорот 8 кој го поврзува Јадранското со Црното море денес беше свечено пуштен во употреба.

Со овој експресен пат се подобрува патниот транспорт и транзитот на стоки и услуги кон Бугарија и речиси двојно се скратува времетраењето на патување на граѓаните од овој дел од државата.

Очекувано, експресниот пат ги скара Владата и опозицијата околу тоа чии се заслугите.

Проектот е вреден 170 милиони евра од кои 93 милиони се кредит од Светска банка а 13,9 милиони евра грант а почетокот на изведбата датира уште во мај 2018. Експресниот пат има три клучки, три мостови, девет надпатници и 13 вијадукти.

Директорот на ЈП за Државни патишта, Коце Трајановски нагалси дека станува збор за прв капитален проект на Владата кој е завршен за шест месеци и им се заблагодари на сите кои деноноќно учествуваа во изградбата.

Заменикот евро амбасадор, Бен Нупнау, истакна дека придобивките од експресниот пат се повеќекратни за граѓаните, државата и регионот.

Од опозициската СДСМ реагираа дека овој проект не бил целосно завршен само поради блокадите од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека овој експресен пат не припаѓа на ниту една политичка гарнитура туку на граѓаните.

Директорот на ЈП за Државни патишта Трајановски најави изградба на нов експресен пат од Куманово до Страцин во должина од 23 километри и забрзана изградба на патната инфраструктура на Коридорите 8 и 10Д.

Огнен Чанчаревиќ