Со нетрпение и радост ја очекуваат новата учебна година и сите предизвици кои таа со себе ги носи. Се прават последните подготовки и набавка на сето она што треба да го имаат како материјал во наставниот процес.
„Па мислам дека ќе имаме историја, биологија“ изјави ученик.
- Дали купивте се што ви е потребно за учебната година?
„Па да, природни науки, македонски математика, општество.
- Тие учебници ги купивте или ги добивате во училиште ?
„Ги добиваме во училиште“ додаде тој.
За родителите пак радост, но и нови обврски и нови трошоци. За дел од нив е олеснитална околност кога наставниците ќе ги информираат навремено што се е потребно да купат за да можат да го планират домашниот буџет.
„Цел список со по предмет определено колку тетратки, колку моливи боички се на список секоја година. Сега веќе е четврто одделение и организирани сме супер“ вели родител.
„Мислам дека за разлика од лани иако се поскапени цените оваа година има попуст лани немаше попуст“ додава родител.
- И кога би направиле една споредба ориентационо колку Ве чинеше сето она што требаше да го набавите за новата учебна година ?
„Па мене оваа учебна година, имаше нешто ситно останато од претходно лењир, отприлика 3000 денари ни е старотот на учебната година. Зборуваме со техничко образование, купување куферчиња, тетратки, боички буквално целиот прибор што е за оваа година. Бидејќи сега е четврто одделение беше поскапо во прво одделение требаа прибори кои беа поскапи сега не треба да ги носат тие“ смета таа.
За дел од родителите кои не сакаа да дадат изјава пред нашата камера, велат дека цените се високи, но треба да се направи споредба со цените во поголемите маркети и обично таму знаат да најдат и поевтини примероци на она што им е потребно. И тоа што најчесто се случува во голем број ситуации на пример кај тетратките, ранците и приборот цените варираат во зависнот од тоа кој лик од цртаните филмови е во моментот актуелен. Децата најчесто ги одбираат токму нив.
Со години наназад главниот проблем беше недостигот на одредени учебници, за кои родителите требаше да се снаоѓаат како знаат и умеат, децата пак да го совладаат материјалот во истите тие околности. Надлежните институциии со смирувачки тон дека тој проблем е надминат со новиот Закон за учебници со каталошка вредност на учебниците.
„Оваа година ќе има учебници по сите предмети за сите ученици. Значи за седмо одделение нови учебници за сите предмети по нова програма. За прв клас нови учебници по нова програма. Оние што почнале минатата година да учат по Кембриџ тие ќе завршат по Кембриџ и за нив правиме надополнување така како што побарале училиштата“ изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
„Она што сакам да ја информирам јавноста е дека прв пат по седум години ќе имаме учебници по странските јазици. Сите ученици ќе добијат учебници по странски јазици од прво до деветто и за први клас гимназија“ додава министерката.
Во тек е испораката на учебниците и се очекува и онаму каде што не стигнале во првите неколку дена на следната недела тој проблем да биде надминат. Во поглед на тоа во каква состојба се учебниците за тоа се надлежни самите училишта да видат кои се оштетени и да пријават во ситемот на МОН што им недостасува и оштетените да бидат заменети.
Во меѓувреме дел од учениците и оваа учебна година ќе ја следат наставата во најблиското училиште до нивното матично училиште каде што се уште трае процесот на реновирање. До кога тоа ќе трае е прашање во надлежност на општините.
Нина Стефанова











