Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од пожарот во хотел „Буши“ во болница еден човек

/

пред 1597 дена

Сподели преку :

Едно лице е хоспитализирано во „8ми септември“ повредено во пожарот кој попладневно избувнал во хотелот „Буши“, изјави директорот на ГОБ „8ми септември“ Христијан Костов.

Човекот е донесен со тешкотии во дишењето, но во моментов неговата состојба е стабилна, а се чекаат резултатите од дополнителните испитувања.

Уште неколкумина се пожалиле на вдишување на чад, при што на самото место интервенирала Брзата помош.

Пожарот во хотелот „Буши“ избувнал во кујната од ресторанот, за време на свадба. Повикана е противпожарната служба, која интервенирала и истиот брзо е локализиран, но претходно се проширил кон рецепцијата.