Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од предвидените 70 во планот за раст Македонија поради слабиот учинок ќе добие само 16 милиони евра

/

пред 364 дена

Сподели преку :

Од 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 земјата добива само 16 милиони за три реформски закони и тоа во Министерство за дигитализација, потврди во последниот извештај Европската комсија во делот за Македонија.

Сите останати реформи или не се спроведени, или преземените мерки и реформски проекти и закони не се признаени од страна на ЕУ. И тоа во извештајот јасно се наведува минситерство, по минситерството..

За транспорт е наведен Планот за реструктуирање на железници. Енергетика каска со  Законот за енергетика, бидејќи не се донесени сите подзаконски акти. Долг е списокот на незавршени обврски во Минситерството за правда. И тоа: Закон за плати на судии и ибвинители, Закон за судски совет, измени на Изборен законик според препораки на ОБСЕ/ОДИХР и  јакнење на капацитети на Агенција за конфискација на имот.

Три обврски треба да комеплетира, пак Минситерстовото за економија, иако третата за зголемен инспекциски надзор е исполента. Се на се од 16 обврски, призанени се три на Министерство за дигитализација и затоа земјата од гаранатираните 70 милиони сега засега добива само 17,13 милиони.

За дел од обврсктие кон планот за раст наделжните министерства и владата уверуваа дека на рапсоалгање имаат казнени рокови во кои ќе успеат да ги донесат и спроведат реформските закони и планови.

Павле Беловски