Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од Турција во Сирија се вратиле над половина милион бегалци по падот на Асад

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Од падот на режимот на Башар ал-Асад, во декември минатата година, од Турција во Сирија се вратиле 550.000 сириски бегалци, соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја. Според турските власти, речиси 2,4 милиони бегалци од Сирија сè уште се наоѓаат во земјата, а за време на најжестоките конфликти во сириската граѓанска војна, во Турција имало над 3,5 милиони.

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) објави дека вкупно 1,16 милиони Сиријци се вратиле во својата земја од 8 декември минатата година. Комесаријатот додаде дека речиси два милиона внатрешно раселени лица во Сирија се вратиле во своите домови.

Според УНХЦР, сè уште има околу 4,5 милиони бегалци надвор од Сирија, додека повеќе од седум милиони Сиријци сè уште се внатрешно раселени.

Граѓанската војна во Сирија избувна по задушувањето на востанието од 2011 година од режимот на поранешниот претседател Башар ал-Асад, што предизвика милиони луѓе да ја напуштат Сирија.

Војната заврши во декември 2024 година кога исламистичката коалиција под водство на Ахмед ал-Шара, познат и по воениот прекар Абу Мухамед ал-Џулани, ја презеде власта во земјата.