Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од утре тестирање на Сејф Сити- Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот

/

пред 258 дена

Сподели преку :

Бидете подготвен и да влетате во сообраќаен метеж. МВР од утре до сабота ќе врши тестирање, калибрација и верификација на поставените (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.

За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката, сооштуваат од МВР.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“ особено, како што вели, по ветувањето на лидерската средба. Порачува дека сите треба да учествуваат во овој проект, кој, потенцира, спасува животи.