Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбележан 13 Октомври – Меѓународниот ден за едукација во затворите

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Во Битола  Здружението за неформална едукација ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН ЕПИЦЕНТАР  го одбележа Меѓународниот ден за едукација во затворите. Настанот се одржа во рамките на проектот „Еразмус+ Патеки за Промена: Препознавање на Еразмус+ како алатка за ресоцијализација во европските казнено-поправни институции“ , ко-финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија.

Преку поректот се собраа  претставници од повеќе казнено-поправни установи во земјата – Затвор Битола, Затвор Охрид, КПД Штип, КПД Идризово и Воспитно-поправниот дом Тетово, како и претставници од Општина Битола, Центарот за социјална работа, Работничките универзитети и невладините организации.

Во рамките на настанот беа презентирани клучните резултати и истражувања спроведени во текот на проектот. Присутните имаа можност да дискутираат за моменталната состојба на образованието во затворите, да разменат искуства и да иницираат нови идеи за подобрување на ресоцијализацијата преку учење.

Претставниците на казнено-поправните и воспитно-поправните установи пројавија интерес за користење на оваа програма и ја потенцираа можноста за соработка во развој на идни заеднички проекти, со посебен акцент на постпеналната институционална поддршка и континуирана едукација на поранешните осудени лица. Тие ја нагласија важноста на воспоставување системска врска меѓу казнено-поправните установи, образовните институции и граѓанските организации, со цел олеснување на повторната интеграција на лицата по издржување на казната.

Со  беше одбележан и Меѓународниот ден за едукација во затворите – 13 октомври, кој ја истакнува важноста на образованието како средство за подобрување на животните можности на осудените лица и нивната успешна интеграција во општеството.