Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одби да ги признае изборните резултати, народот излезе на улица – 24 години од демонстрациите во Белград против Слободан Милошевиќ

/

пред 746 дена

Сподели преку :

Денеска се навршуваат 24 година од големите демонстрации во Белград, на 5 октомври 2000 година со кои се заврши владеењето на Слободан Милошевиќ. Демонстрациите во Белград избија откако Милошевиќ одби да ги признае резултатите од изборите на 24 септември 2000 година за претседател на СР Југославија на кои загуби од кандидатот на демократската опозиција на Србија (ДОС) и лидер на Демократската партија на Србија, Воислав Коштуница.

На 5 октомври, демонстранти од цела Србија пристигнаа пред тогашното сојузно Собрание, пробивајќи ги со булдожер полициските блокади. Зградата на собранието беше демолирана и запалена, како и зградата на РТС, а полицијата престана да се спротивставува и им се придружи на граѓаните.

Вечерта на 5 октомври 2000 година, новиот претседател на тогашна СР Југославија, Воислав Коштуница им се обрати на граѓаните од терасата на собранието на Град Белград, а следниот ден, на 6 октомври, Милошевиќ го призна изборниот пораз и му честиташе на Коштуница.