Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбиено барањето на Арсовска да го врати споменикот на Ќосето

/

пред 1298 дена

Сподели преку :

Општина Центар веднаш го одбиле барањето на Градоначалничката Данела Арсовска со која сакала да почне постапка да го врати споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред комплексот судови во Скопје. Од општина Центар за Телма потврдија дека го добиле барањето, но и веднаш го одбиле.

Арсовска, пред два дена, доставила барање до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно која би почнала процедурата за враќање на споменикот на истата локација од која беше тргнат. Арсовска неколку месеци по стапување на функцијата кажа дека ќе го враќа споменикот на Ќосето и дека со нејзиниот тим го барале, но не можеле да го најдат.

Споменикот, кој беше со кама во раката, од пред комплексот судови го отстрани поранешниот градоначалник Петре Шилегов, во февруари 2018 година, бидејќи покрај контроверзноста, имаше решение за отстранување дека беше дивоградба. Споменикот, потоа, беше пренесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје.