Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одгледувачите на свињи бараат повисока производна цена на свинското месо

/

пред 1600 дена

Сподели преку :

Производната цена на свинското месо треба да биде најмалку 150 денари за килограм жива мера, порачаа одгледувачите на свињи.

Зголемување на цената бараат за дополнителни 50 денари. Сметаат дека барањето им е издржано, бидејќи трошоците за одгледување на свињи и производството на месо им се зголемени за сто посто.

Поради ниската цена на свинското месо неколку фарми во велешкиот регион почнале да го намалуваат бројот на свињи.

Зголемените трошоци и инфлацијата им го изеде ќарот на производителите на свинско месо. Економските експерти сметаат дека узвозната инфлација граѓаните доправа ќе ја почувствуваат на сопствениот грб.

Според Ивановски сѐ она што не е присутно во државата ќе го има, но по многу повисоки цени.

Лани цената на житните култури изнесуваше околу 10 денари, а во моментов јачменот како сточна храна се продава од 17 до 20 денари за килограм.

Викторија Јованова