Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложено рочиштето за екс директорот на „Комунална хигиена“

/

пред 235 дена

Сподели преку :

Поранешниот директор на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми седна на обвинителна клупа, но првото рочиште се одложи за да ѝ се овозможи на одбраната да направи увид во доказите. Следното рочиште е закажано за месец дена, кога се очекува судењето да почне со воведни говори и произнесување за вина.

Во овој предмет, покрај Рустеми, обвинет е и управителот за отпад Аки Саити за „загрозување на животната средина и природата со отпад“.

Според обивнението, двајцата со пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и со непрописно управување со отпадот, можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата, опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителниот или животинскиот свет во поголеми размери.