Продолжува голготата на вработените во поранешната Печатница Напредок Тетово во обидот да ги добијати неисплатените десетина плати. Во тетовскиот суд повторно се одложи судењето кое треба да почне по нивната поднесена кривична пријава со цел да добијат исплата на нивниот труд во оваа печатница, за која се води и стечајна постапка.
„Ова е веќе втора година како чекаме рочиште да се одржи и со надеж дека еден ден ќе биде. За жал, еве дојдовме, пред три месеци ни рекоа, денеска да дојдеме дека сигурно ќе биде рочиштето одржано. И денеска се одложи заради тоа што немало записничар. А ние, еве се понудивме ако треба ние ќе бидеме, бидејќи сме без работа, записничари, само за да еднаш за да се стави крај на ова. Нашите плати да ни ги дадат, ние не бараме ништо друго“, изјави Живка Димовска.
Александар Самарџев











