Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одлуката на уставен суд се одложува за неколку месеци

/

пред 674 дена

Сподели преку :

Изгласано е да се одржи подготвителна седница, но во наредниот период односно за неколку месеци.

Известителот Елизабета Дуковска и 4 судии бараат подготвителна седница, со што би се одложила одлуката и би се чуле аргументите на сите, Судијката Добрила Кацарска е против, вели дека ништо нема да се добие.

Ана Павлова Данева е за и смета дека треба да се чујат мислењата на повеќе уставни судии, додека претседателот Дарко Костадиновски е исто за.

Според него, тоа би било начин да се обратат до граѓаните и да се убедат дека аргументите се уставно втемелени.

Кацарска протестираше со прашање кои се тие експерти што ќе ни кажат што е уставно,а што не?

Судијката Јадранка Дабовиќ вели дека подготвителните седници се корисни, експертите даваат се од себе да дадат добри аргументи и добро е да се помине и то филтер.

Костадиновски рече дека е важно како ќе се протолкува амандманот 5 на Уставот.

На крај мнозинството одлучи да има подготвителна седница која ќе се одржи наредната година.