Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одлуката за тоа дали Молдавија да се заложи за влез во ЕУ „виси на конец“

/

пред 730 дена

Сподели преку :

Референдумот за промена на уставот и заложба за членство во ЕУ се во тешка неизвесност, со резултати кои речиси се изедначени. Според последните објави на молдавската изборна комисија, 50,08% од граѓаните гласаа „за“, а 49,92% „против“.

Станува збор за разлика од околу 2.300 гласа, а двете различни струји имаат по нешто повеќе од 730.00 гласови. Првите резултати покажуваа сериозно водство на анти-ЕУ групацијата, но со поголем процент на преброени гласови од дијаспората во ЕУ, состојбата се промени. Сепак се уште е рано да се прогнозира конечниот резултат, а досега се преброени 98,42% од вкупниот број на избирачки места.

Тесниот резултат, кој е неочекуван со оглед на претходните анкети, предизвика загриженост кај актуелната проевропска претседателка Маја Санду, која ја обвини Русија за странско мешање и купување гласови.

Санду истакна дека наводно се купени 300.000 гласови и дека тоа е напад на демократијата. Кремљ ги отфрли овие обвинувања. Молдавските граѓани, и покрај неодамнешните анкети кои покажуваа дека 63% од населението поддржува европска интеграција, сега се соочуваат со реална можност за свртување кон проруските сили.

На политичката сцена, Санду исто така се соочува со предизвик на претседателските избори, каде што освојила 41% во првиот круг, што е значително помалку од очекуваното. Нејзиниот противник, Александар Стојаногло, доби поддршка од проруската Социјалистичка партија и сега може да се обедини со другите кандидати против неа. Референдумот не е правно обврзувачки, но неговиот исход го комплицира патот на Молдавија кон европските интеграции.