Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оџаците ќе испуштаат отрови во воздухот – екологистите стравуваат од ескалација и велат доцна е за превенција

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Економската и енергетска криза и тешките времиња во најава го разбудија бизнисот. Фирмите настојуваат да се префрлат на алтернативни горива за да ги намалат трошоците за струја, затоа што сметките достигнуваат „до плафон“. Од Министерството за животна средина не информираат за точна бројка на компании, но потврдуваат дека постои засилен интерес за агрегати кои работат на нафта, а тоа може да ја однесе Македонија на црната листа меѓу првите најзагадени градови.

Ние имаме информации само за компаниите коишто поседуваат А-Интегрирана еколошка дозвола. Досега во нашите служби се стигнати неколку барања за промена на погонското гориво односно енергенс и истите се разгледуваат согласно пропишаната правна регулатива, велат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Инсталациите со А-Интегрирани еколошки дозволи мораат да работат со горивото коешто им е наведено во дозволата. За секоја промена треба да достават барање до Министерството за промена на дозволата. Од Животна средина за Телма велат дека го преферираат природниот гас како енергенс најповолен за околината или пак енергија произведена од обновливи извори. Горењето нафта, мазут и други нееколошки енергенси од оџаците ќе испушти отрови, јасни се екологистите. Стравуваат од ескалација и тоа многу скоро, особено што загадувањето ќе се поттикне и од домовите на граѓаните.

Се плашам дека доцниме многу за да се превенира било што поради тоа што поголемиот дел од граѓаните веќе се снабдени со деривати за греење. Некои со дрва, други со мазут, трети со јаглен, а има од тие што се најпогодени од финансиската криза и кои веројатно ќе користат што ќе им дојде при рака. Сметам дека ова е голем пропуст на државата која години наназад не успева сериозно да ја разгледа оваа проблематика и уште повеќе прави чекори кои се на штета на животната средина, но и на штета на здравјето на граѓаните, изјави Аријанит Џафери од „Еко Герила“.

Грејната сезона сѐ уште не е во полн ек заради сончевите денови, но Скопје и денес успеа да се издигне на 33 место на светската листа на најзагадени градови. Друштво му прават и Белград, Загреб, Сараево и Софија од регионот. На врвот на таа листа се Пекинг и Њу Делхи.

Петар Догов