Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огромен број на сообраќајни прекршоци за празничниот викенд

/

пред 547 дена

Сподели преку :

Во текот на празничните денови, полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2.252 платни налози за сторени прекршоци од учесници во сообраќајот, претежно по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Притоа, заради брзо возење, евидентирани се 1.018 прекршоци. Дури 254 учесници во сообраќајот управувале возило без возачка дозвола. Шеесет и шест возачи се отстранети од сообраќај, заради возење под дејство на алкохол, а изречена е 21 санкција за минување на црвен семафор.

По однос, пак, на Законот за возила, од сообраќај се отстранети 60 возила од кои 13 заради техничка неисправност, а 47 заради неважечка сообраќајна дозвола.