Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огромни гужви на постојките поради доцнење на линиите – продолжува протестот на приватните превозници

/

пред 744 дена

Сподели преку :

Граѓаните на Скопје чекаат и по повеќе од еден час на автобуските постојки, чекајќи превоз. Гужвите во автобусите се преголеми. Приватните превозници не отстапуваат од протестот. Велат нивното барање за повисока цена за изминат километар мора да биде разгледано, а дотогаш нема да сообраќаат во часовите кога се создаваат најголемите гужви по скопските улици.

Апелираат веднаш да се реши проблемот за да се вратат целосно на работа. Дотогаш ќе сообраќаат само по 17 часот. Советничката од редовите на Алијанса за Албанците (АА) поднесе иницијатива до советот за зголемување на цената од километар на приватните превозници, но иницијативата не беше ставена на дневен ред, а претседателот на совет тврдеше дека се разговара само по предлог одлука.

Сега се чека управниот одбор на ЈСП Скопје да донесе мислења за оваа одлука на приватниците, која подоцна треба да ја достави до советот на гласање. Според информации на Телма, состанок на управниот одбор ќе има наредната недела.