Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО ГОКК оформи предмет за кривични дела од областа на финансиски криминал по денешната акција на МВР и УЈП

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по доставено известување од министерството за внатрешни работи (МВР) за сознанија до кои дошла Управата за јавни приходи (УЈП), оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279, „даночна измама“ по член 279-а, и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти.

„Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, на барање на предметниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови. Полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координарано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедија бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка“, се наведува во сооопштението на ОЈО ГОКК.

Од ОЈО ГОКК додаваат дека претресите сè уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката.