Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО: Градоначалничката Арсовска да ги посочи парцелите за кои се сомнева дека има незаконитости

/

пред 500 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје, по доставено известување од СВР Скопје, издаде наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од Општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска.

„Доколку градоначалничката, како службено лице, има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал“, соопштуваат од Обвинителството.

Во однос на заканите, посочуваат од Обвинителството, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат.

„ОЈО Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности“, наведуваат од обвинителството.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го обвинува градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу за кримина и за легализација на дивоградби, а синоќа во телевизиско интервју рече дека добива и закани по живот.

Игра на чекање – кој прв ќе повлече потег за тврдењата на градоначалничката Арсовска?