Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО Куманово со предлог притвор за две лица осомничени за полов напад, силување и уцена

/

пред 280 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство во Куманово соопшти дека ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за две лица осомничени за кривично дело – полов напад и силување, додека еден од нив е осомничен и за кривичното дело уцена во кривичниот законик.

Според обвинителството, првоосомничениот, спротивно на јасно изразената волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во Липковско а ја принудил и на полови дејствија и со второосомничениот.

„Потоа жртвата ја уценувал дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.

Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на првоосомничениот“ – се посочува во соопштението на ОЈО Куманово.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени кои се лишени од слобода.