Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО Велес оформи предмет по допрен глас за негувателка која им давала на децата на пушат електронска цигара

/

пред 1093 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас за проверка на информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.

„Во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање на дејствија кои вклучуваат да се извршат разговори со лица (вработени и родители) кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот“, информираат од ОЈО Велес.

Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага.