Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Развојот и учењето во првите години од животот ce од исклучителна важност за детето и неговиот натамошен развој во образовниот процес. Тоа го покажува и проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општиски установи – детски градинки“, доколку имаме предвид дека во секој Извештај на Европската комисија за прогресот на земјава беше посочуван како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација, рече Лимани.

„Образованието на Ромите ја прикажува реалната слика на нашето општество и на нашата држава и мислам дека колку повеќе тие се образуваат, толку подобра слика ќе градиме за нашето општество и нашата држава“, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.

Во текот на изминатите 16 години, во процесот беа ангажирани 20 негувателки Ромки кои работеа со овие деца и им го олеснија процесот на нивната интеграција во детските градинки. Важно е да се напомене дека ромските деца беа сместени во интегрирани групи, заедно со децата од другите заедници, велат од надлежното министерство.

„Всушност овој проект придонесе да имаме поголем број деца Роми во основното, во средното образование и на факултет со што РС. Македонија предничи во однос на сите држави од соседството, бидејќи кога презентираме дека имаме околу 250 студенти Роми на универзитетите во РС. Македонија, останатите држави не можат да го постигнат ни бројот од 50, меѓутоа овој проект навистина придонесе за да ја имаме оваа бројка“, рече Мабера Камбери, министерство за социјална политика, демографија и млади

Секојдневно се зголемува и бројот на деца во општините кои се на листата на чекање да бидат запишани во градинките.

„Во моментов 30 деца кај нас се запишани на листата кои ќе ја користат оваа услуга и ја поздравувам оваа одлука на министерството да ги поддржи децата Роми“, изјави Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари.

„Конкретно кај нас се спроведува во градинката „25 мај“ опфатени се 20 деца кои се ослободени од партиципација за згрижување во детските градинки“, изјави Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

Сите деца кои се вклучени во овој проект, поседуваат лични документи и се евидентирани во матична книга на родени, вели Камбери. Со измени во Законот за матичната евиденција од 450 лица само уште на 120 лица треба да се направи проверка дали се државјани на други држави и да им се обезбедат документи.

Нина Стефанова