Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОН: Кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството

/

пред 175 дена

Сподели преку :

Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН предупреди дека продолжената криза во Ормускиот Теснец би можела да предизвика глобална катастрофа во земјоделството поради прекини во извозот на ѓубрива и енергија, зголемување на цените на храната и намалени приноси на културите, јави „Скај Њуз“.

Во соопштението се наведува дека најсиромашните земји ќе претрпат најмногу поради намаленото земјоделско производство, инфлацијата и побавната глобална економија. ФАО го издаде предупредувањето неколку часа откако почна американската поморска блокада на иранските пристаништа.