Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта

/

пред 704 дена

Сподели преку :

ОН преку нов извештај со предупредување до светот, атмосферата до 2.100 година може да се загрее за 3,1 степен Целзиусов доколку земјите не преземат конкретни мерки за намалување на стакленичките гасови.

Оваа прогноза предвидува двојно поголемо загревање од целта од 1,5 степени утврдена со Парискиот договор. Во извештајот се додава и дека тековното затоплување, кое е приближно 1,3 степени над прединдустриските нивоа, може да достигне границата од 1,5 степени за помалку од една деценија.

Извештајот истакнува дека годишните емисии на стакленички гасови достигнаа рекордни нивоа, зголемени за 1,3% во 2023 година, и дека мораат да се намалат за 9% секоја година до 2030 година за да се избегнат најтешките последици од климатските промени. Од ОН велат дека актуелните ветувања за идни акции не се доволни за да се ублажат последиците.