Онколошките пациенти и нивните здруженија бараат дополнителни одговори од јавното обвинителство и информации колку медицински истории за несовесно лекување биле разгледани.
Истрагата на обвинителство за предметот Онкологија покажа дека според вештачењето од Словенија 29 болни од канцер биле несоодветно лекувани со што им се влошувало здравјето. Здруженијата на онколошки пациенти денеска на пладне на средба во Обвинителство.











