Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ООН ја отфрли американската резолуција со која не се осудува Русија

/

пред 597 дена

Сподели преку :

Генералното собрание на ОН во понеделникот одби да ја одобри резолуцијата поддржана од САД, која бараше крај на војната без да се спомене агресијата на Москва. Наместо тоа, ја одобри украинската резолуција поддржана од Европа со која се бара Русија веднаш да ги повлече своите сили, на што се спротивстави администрацијата на Трамп.

Европската резолуција беше усвоена со 93 гласа „за“, 18 „против“ и 65 воздржани што пак покажа и одредено намалување на поддршката за Украина. Украинската заменик-министерка за надворешни работи Маријана Беца рече дека Генералното собрание побарало предвремен крај на оваа агресивна војна и праведен, траен и сеопфатен мир во Украина во согласност со повелбата на ОН.

Исто така, ја повтори итната потреба да се стави крај на војната оваа година и да се удвојат дипломатските напори за постигнување праведен мир.