Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опасни е-цигари трујат млади во Белгија: Еден во кома, неколку во критична состојба

/

пред 303 дена

Сподели преку :

Неколку млади лица од белгиската провинција Антверпен се хоспитализирани во сериозна здравствена состојба по пушење електронски цигари полнети со течности од „домашно производство“, јавуваат белгиските медиуми. Според болнички извори, дел од пациентите се во многу тешка состојба, а едно лице сè уште се наоѓа во кома.

Првичните медицински анализи укажуваат дека течностите во е-цигарите најверојатно содржеле ТХЦ и синтетички дроги познати како „спајс“, кои се значително поопасни од природниот канабис. Експертите предупредуваат дека ваквите супстанци можат да предизвикаат губење на свест, мозочен удар и сериозна зависност.

Професори и здравствени работници алармираат дека ваквите нелегални е-цигари сè почесто се шират меѓу ученици и млади лица, при што возраста на корисниците постојано се намалува. Тие повикуваат на итно информирање на родителите, училиштата и младите за сериозните ризици, предупредувајќи дека, доколку трендот продолжи, можна е и смртна последица.