Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Операција „Железни мечеви“ – Израел тргна во одмазнички напад, авиони веќе ја гаѓаат Газа

/

пред 1092 дена

Сподели преку :

Воената операција на израелските одбранбени сили во Појасот Газа, како одговор на ракетните и копнени напади од палестинска страна, се изведува под називот „Железни мечеви“, соопшти израелската прес служба.

Претходно, прес службата на одбранбените сили на Израел потврди истрелување на ракети врз израелска територија од Појасот Газа.

Алармите постојано се огласуваат од утрово, почнувајќи од 06:28 часот, на многу локации низ земјата, вклучувајќи го и Тел Авив и неговата околина.

Во контекст на најновите случувања, израелската војска објави состојба на „подготвеност за војна“. Министерот за одрбана, Јоав Галант нареди мобилизација на резервисти и нареди воведување на „посебни ситуации во позадина“ во радиус од 80 километри од појасот Газа.

Тој рече дека Хамас започнал војна против Израел, нарекувајќи ја сериозна грешка и изрази уверување дека неговата држава ќе победи.