Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата за Анастасовска: Брилијантен правник што ќе седи во лошо друштво

/

пред 1062 дена

Сподели преку :

„Истакнат правник со брилијантна биографија“.  Со овие зборови, опозициските пратеници ја пофалија професорката од Правен факултет, Јадранка Дабовиќ –Анастасовска, која СДСМ ја предлагаат  за испразнетото место во Уставниот суд.

Но, забележаа дека ќе треба да седи и одлучува во некомпетентно друштво, како и дека, сепак е партиско лице.

Прашаа и зошто имаат нов предлог, кога седницата за претходно предложениот Љубомир Јовески, не е завршена, но од мнозинството немаше одговор. Во кусото образложение, тие се задржаа само на биографијата на Анастасовска.

Од ВМРО ДПМНЕ за уставни судии повторно ги предлагаат  пензионираните професори Родна Живковска и Саво Климовски од Правниот факултет, како и долгогодишниот судија и обвинител Тодор Витларов.

Далиборка Демјанска Цветановска