Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицискиот лидер и премиерот во трка на лични провокации

/

пред 1080 дена

Сподели преку :

Од партиски преписки, до лични провокации. Премиерот и опозицискиот лидер со денови преку медиумите си испраќаат иронични пораки, предизборно  докажувајќи се кој повеќе си стои на зборот.

Реакцијата на Мицкоски следи откако премиерот во изјавите претходните денови потенцираше дека уште во експозето како мандатар рекол дека нема да има предвремени избори и останал на своето.Вчера порача дека, динамиката на разговорите може да се договори и на редовната понеделничка координација кај претседателот на Собранието што е уште една провокација, со оглед на тоа што ВМРО ДПМНЕ не присуствуваат на тие координации.

Освен формирање на работни групи, во пресрет на изборите се чека и доекипирање на  Државната изборна комисија, која сега е без еден претставник од опозицијата, откако Кренар Лога од Алијанса за Албанците стана министер.

За ова место од албанската опозиција имаат меѓусебен договор, но власта не покренува иницијатива за пополнување на испразнетата функција.

Далиборка Демјанска Цветановска