Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата бара анкетна комисија за кочанската трагедија

/

пред 555 дена

Сподели преку :

Опозицијата бара посебна парламентарна комисија да истражува за трагедијата во Кочани, а процесот да биде следен од меѓународни набљудувачи. Пратениците од коалицијата „Европски фронт“ денеска во Собранието поднесоа и официјално барање откако изразија сомнежи за селективен пристап.

Слична иницијатива, но за понатаму, најавија и од СДСМ, откако на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата е донесен заклучок дека, треба да се искористат сите институционални и демократски механизми, вклучително и во Собранието,да се дојде до темелна и сеопфатна истрага.

Од ВМРО ДПМНЕ им вратија со прашање, „како СДСМ и ДУИ немаа желба за анкетна комисија за модуларната болница, за несреќата во Ласкарци, за Беса транс и Дурмо Турс, за тендерите на Стабри и профитерството на Венко Филипче?„ Велат дека, тие се за да има истрага за сето ова, наместо од несреќата да се печалат политички поени.

Далиборка Демјанска Цветановска