Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата критикува за погрешна позиција кон Украина, Мицкоски е убеден дека е на вистинската страна

/

пред 602 дена

Сподели преку :

Воздржаноста за резолуцијата за мир во Украина, поддржана од Европската Унија (ЕУ) во Обединетите Нации (ОН), се најде и на денешната седница за пратенички прашања. Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска рече дека ваквите, според неа, импровизации ја ставаат Македонија во неизвесна позиција на глобалната сцена.

Премиерот одговори дека нема никаква дилема каде и по кој пат треба да се движи државата. Сподели впечатоци од реакциите на европските лидери по говорот на Зеленски на состанок на Минхенската конференција, во кои тој побарал конкретна поддршка од европските лидери.

Петровска ѝ сугерираше и на министерката Кочовска да направи подобра пресметка, откако пред неколку дена изјави дека за неа е нелогично да се купува грашок од конзерва или четиричлено семејство да потроши 13 литри млеко. Кочовска бурно реагираше.

Прашањата на пратеничката Лукаревска, пак, беа за министерот за култура, кој ѝ врати дека лошата состојба се должи исклучиво на нивната негрижа во последните седум години.

На седницата се зборуваше и за вработувањата во јавната администрација, економијата и судството.

Далиборка Демјанска Цветановска