Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата со обвинувања за корупција, мито и блокирани европски фондови бара политичка одговорноста од министерот Трипуновски

/

пред 115 дена

Сподели преку :

Обвинувања за корупција, мито и блокирани европски фондови го отворија фронтот во Собранието против министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Опозициската СДСМ преку интерпелација бара политичка одговорност, тврдејќи дека земјоделскиот сектор е доведен во состојба на неизвесност и недоверба.

Расправата се одвива во сенка на сериозни обвинувања за нетранспарентно трошење на јавните средства и суспензијата на програмата ИПАРД 3.

Трипуновски до Николовски: Не постоеше гранка во која не се чувствуваа последиците од вашите погрешни политики, само цветаше криминалот

  • „Вашето време како министер за земјоделство ќе биде запомнено по криминалот кој што цветаше. За тоа се поднесени и кривични пријави за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување“, истакна министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Министерот потсети дека во  2022 и 2023 година Министерството објавило и спровело јавен повик за финансиска поддршка на микро производители на вино, при што биле распределени над 100 милиони денари при што се заобиколила Агенцијата која што е надлежна да спроведе ваков повик.

  • „Поднесена е  кривична пријава поради тоа што Mинистерството иако го раскинало договорот за закуп не доставило примерок до Агенција за Катастар на недвижности за бришење на правото на сопственост. Заради непостапување и недоволна координација со АФПЗРР и по раскинувањето на договорот продолжила исплатата на финансиска поддршка, при што во периодот од 2021 до 2023 година на закупецот му биле исплатени над 19 милиони денари“, додаде министерот Трипуновски.