Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општина Берово повикува доброволци да се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Општина Берово повикува доброволци да се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот.

Апелот Ви го пренесуваме во целост:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО НАСЕЛЕНИЕТО НА ОПШТИНА БЕРОВО

Почитувани сограѓани,

Поради сериозноста на пожарот кој го зафати подрачјето на нашата општина, согласно заклучоците од вечерешниот состанок, се упатува АПЕЛ до сите граѓани на Општина Берово, кои се во можност, доброволно да се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот.

Ве повикуваме утре, 26.07.2025 година (сабота), во 05:00 часот, масовно да се собереме пред зградата на Шумското стопанство Берово и да се вклучиме во акцијата за спречување на пожарот.

Со себе задолжително понесете:

✅️мотика или гребло,

✅️вода за пиење,

✅️храна за себе, за текот на денот.

Вашата солидарност, ангажираност и храброст, во овие тешки моменти, се од непроценливо значење, за заштита на шумите, животната средина и безбедноста на сите нас.

Општина Берово
Кризен штаб