Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орбан: Унгарците умираат во Украина, а ако дозволиме Киев да ја нападне Русија, ќе има последици, си играме со оган

/

пред 869 дена

Сподели преку :

Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде интервју за италијанскиот конзервативен дневен весник Il Giornale.

Тој рече дека од претстојните избори за Европскиот парламент очекува зајакнување на демократијата и десничарско мнозинство.

Тој се осврна на ситуацијата во Украина и се обиде да го објасни официјалниот однос на Будимпешта кон војната.

  • Унгарија се граничи со Украина. Тоа не е каква било војна, туку војна на нашата граница. Италија е географски далечна, за вас е нешто друго. Во Украина има унгарски граѓани од редовите на унгарското малцинство кои се борат во украинската армија и ги губат животите. Ние сме единствената земја во Европската унија чии граѓани ги губат животите во Украина.
  • Русија ја започна војната, нема сомнеж за тоа, но мораме да се запрашаме како да постапиме. Ние сме на крстопат: или да го изолираме конфликтот и да најдеме дипломатски начин или да одиме подлабоко во војната. Ако дозволиме напад на  Русија со оружје што исто така го испорачува Италија, ќе има последици во форма на силна руска реакција, а постои и ризик од мешање на НАТО, рече Орбан.

Орбан потврди дека не се согласува со европската стратегија за украинскиот конфликт. „Стратегијата е и тактички неуспешна, не разбираме дека си играме со оган. Идејата за Европската унија е родена од мировен проект“, смета унгарскиот премиер.

  • По Втората светска војна, Европа сфати дека нема да преживее уште една војна. Треба да се запрашаме кој е стратешкиот интерес на Европа и да повикаме на прекин на огнот. Сето ова е погрешно и јавноста сака мир, а не војна“, заклучи унгарскиот премиер.