Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводителите денеска целосно го блокираа сообраќајот на патот Штип – Кочани

/

пред 1466 дена

Сподели преку :

Кочанските оризопроизводители по десетти пат го блокираат регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Облешево, наместо едната коловозна лента, попладнево застанаа и на втората, блокирајќи го целосно сообраќајот. Револтирани се од ниската откупна цена на оризовата арпа, а трошоците за производството во однос на лани им се зголемиле за 80%. Пресметале дека загуба имаат најмалку 3.000 денари по декар.

Жетвата е во полн ек, а вреќите од нива ги складираат во амбарите, но некои од нив мора да го предадат во откупните пунктови за да преживеат. Револтирани се што нивната мака не се вреднува. Најавија дека наредната година нивите ќе бидат пусти, а на нив ќе растат трски. Сметаат дека потребни се години за да се префрлат на други земјоделски култури, бидејќи на оваа земја со децении се сее само ориз.

Во кочанскиот регион ожнеани се околу 30% од површините под ориз. Оризопроизводителите годинава ќе имаат и ниски приноси на арпата. Најавија дека по жетвата ќе ги интензивираат протестите.

Викторија Димитрова Јованова