Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводителите го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани

/

пред 1497 дена

Сподели преку :

Оризопроизводителите од кочанско, виничко, карбинско и пробиштипско протестираа на четири локации  на регионалниот пат Штип-Кочани. Со земјоделската механизација го искажаа својот револт од ниската откупна цена на оризот и неколкукратно зголемените трошоци за производство и жетва. Побараа откупната цена на оризовата арпа  да изнесува 40 денари, интервентен откуп и нивниот производ да се прогласи за стратешка култура.

Денешниот протест на оризопроизводител беше еден од најмасовните. Жетвата на оризот се ближи, а поради неколкуратно зголемените трошоци незивесно е дали комабјните ќе влезат во нивите.

Оризопроизводителите најавија дека и наредните денови ќе протестираат со блокади на едната коловозна лента на патот Штип-Кочани се додека не се сретнат со премиерот и ресорниот министер, за да им ги испорачаат барањата.

Викторија Димитрова Јованова