Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводителите кои протестираа повикани во кочанскиот суд да дадат исказ

/

пред 1629 дена

Сподели преку :

Деветмина оризопроизводители од кочанско денес даваа исказ во Основниот суд во Кочани. Повикани се по пријавата од МВР за протестите организирани лани на 23  септември. Според пријавата тие како организатори на протестот не спречиле целосна блокада на патот Штип- Кочани кај Облешево, иако протестот уредно им бил пријавен но само за едната коловозна лента.

Оризопроизводители од кочанскиот регион кои протестираа во септември со овие искази се бранеа пред судот. Сметаат дека немаат никаква вина за блокирањето на регионалниот пат Штип-Кочани од половина час во селото Облешево.

Проблемите на кочанските оризопроизводители со откупната цена на оризовата арпа и на белиот ориз си остануваат. Сметаат дека она што го произведуваат е со ниска цена. Деновиве низ кочанско поле почна сеидбата на оризот, кој треба да се посее на околу 4.000 хектари.

Викторија Јованова