Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оштетената спомен-куќа на Владо Малески ќе се реставрира

/

пред 352 дена

Сподели преку :

Културното наследство е непроценливо богатство кое не смееме да го загрозуваме од небрежност, несовесност или од краткорочни интереси. Ова го кажа министерот за култура и туризам при посетата на спомен- куќата на Владо Малески во Струга. Таа е значително оштетена при градежни активности на соседна парцела. Љутков најави дека објектот ќе биде обновен.

  • Веднаш ќе започнеме со проект за обнова и реставрација на спомен-куќата на Владо Малески, со цел да се зачува автентичниот изглед и историскиот дух што го носи овој дом на авторот на македонската химна, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Во обновата на куќата ќе се вклучат сите надлежни институции и стручни лица и таа ќе биде извршена согласно принципите за заштита на културното наследство, кажа министерот. На прозивката од опозициската СДСМ дека тој и ВМРО – ДПМНЕ се виновни за уривањето на објектот , Љутков возврати дека сите дозволи за градење на објектот на парцелата се издадени за време на владеењето на СДСМ и ДУИ. Тој кажа и дека градоначалникот на Струга, Мерко, вчера ја поништил дозволата за градење што претходно ја издал.

  • И во решението за поништување на одобрението за градење има констатирано дека решението кое што го издал, колку што се сеќавам во ноември 2024, е издадено спротивно на закон и спротивно на проектите кои што се доставени до органите за култура, врз основа на кои требало да се издаде тоа одобрение, кажа Ален Деребан, заменик- министер за правда.

А, од МВР соопштија дека за лицето од Велешта, кое го вршело ископот на парцелата до спомен- куќата на Малески, по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена кривична пријава за оштетување на добра под привремена заштита или културно наследство, по член од Кривичниот законик.

Сотир Трајков